На 30.09.2024 во 09 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.Б.(51) од село Василево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.