МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

Датум и место на раѓање: роден на 21.10.1976 година во Куманово. Оженет е со Катерина, со која имаат две деца.

Образование:

Основно и средно училиште завршува во Куманово.

Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Магистрант е по управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

 

Работно искуство:

 Во 2000 година работи како адвокатски приправник.

Од 2001 до 2005 година работи како советник на градоначалникот на Куманово.
Од 2008 до 2011 година работи како секретар на општина Куманово.

Во периодот од 2006 до 2008 година, од 2011 до 2014 година и од 2016 до 2017 година е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, а за пратеник беше избран и на последните парламентарни избори на 15 јули 2020 година. Во мандатот од 2011 до 2014 година е претседател на Парламентарната група на Собранието за соработка со Парламентот на Украина и член на делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, Парламентарната група на Собранието за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, Парламентарната група на Собранието за соработка со Парламентот на Португалска Република и Парламентарната група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Словенија.

Функцијата министер за внатрешни работи ја извршува од 11.11.2015 до 18.5.2016 година и во период од 2.9.2016 до 28.12.2016 година во Владата што требаше да обезбеди услови за спроведување фер и демократски избори, како и во периодот од 31.5.2017 до 3.1.2020 година.

На 3.1.2020 година е избран за претседател на техничката Влада на Република Северна Македонија.

Од 31.08. 2020 повторно е на чело на Министерството за вантрешни работи.

 

 Зборува англиски и француски јазик.
 Вкупно нето плата: 85.113,00 денари

 Kонтакт:
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468
е-пошта: kontakt@moi.gov.mk