Мисија
Мисијата на ОКТИВ е да обезбеди објективни и квалитетни резултати од испитувањата преку мултидисциплинарна примена на современи научно-технички методи кои ќе бидат прифатени од сите корисници на услуги.
Визија
Визијата на ОКТИВ е да обезбеди акредитирана криминалистичко - техничка служба, препознаена како независна, неутрална, ефикасна, навремена и професионално оспособена, усогласена со барањата на истрагата и истовремено ќе ги исполнува стандардите на современа форензичка институција.
Организациска поставеност

Акредитација
Од 2016 година во ОКТИВ и формално е воспоставен систем за управување со квалитет согласно барањата на меѓународниот стандард МКС EN ISO/IEC 17025:2006 “Општи барања за компетентност на лабораториите за тестирање и лабораториите за калибрирање“.
Во 2020 година, Одделот успешно го спроведе и процесот на транзиција на системот за управување со квалитет согласно барањата на новиот стандард МКС EN ISO/IEC 17025:2018.
Моменталниот опсег на акредитација на ОКТИВ вклучува методи од неколку лаборатории, и тоа: ДНК идентификација на лица, ДНК идентификација на траги, наркотични дроги, спорни документи, огнени оружја и балистика, предизвикување траги од папиларни линии, механоскопија, микро траги и дактилоскопија.
Деталниот преглед на опсегот на акредитација на ОКТИВ може да се преземе од Институтот за акредитација на РСМ.