Огранизациона структура

Центарот за обука врши организирање и спроведување на основна обука за полицаец, обука за самостојно вршење на работите за одредено работно место, континуирана обука на работниците во МВР, специјална обука и обука за раководење на подрачја на безбедноста на работниците во министерството врз основа на наставни планови и програми.

Во состав на Центарот постојат три Сектори и еден Отсек, и тоа:

СЕКТОР ЗА ОСНОВНА, КОНТИНУИРАНА И МЕЃУНАРОДНА ОБУКА
Извршува работни задачи поврзани со организирање, координирање и спроведување на обуки за самостојно вршење на работите на работно место, основна обука за полицаец, обука за обучувачи, врши дизајн на обуки и дизајнирање на средини за учење и во координација со други организациони единици во МВР спроведува континуирани обуки на вработените во министерството.
Во состав на Секторот постојат две Одделенија:

- Одделение за основна обука организира, координира и реализира основна обука за полицаец и континуирано презема мерки и активности за успешно спроведување на теоретската и практичната обука на кандидатите за полицаец

- Одделение за континуирана и меѓународна обука организира, координира и реализира континуирани обуки на работниците во МВР. Организира и планира обуки од меѓународен карактер

СЕКТОР ЗА ДИЗАЈНИРАЊЕ НА НАСТАВНИ ПРОГРАМИ, ОЦЕНУВАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА

Има надлежност за изготвување и дизајнирање на наставни програми. Врши развој и дизајнирање на наставни програми и планови за потребите на МВР и други јавни и државни институции. Организира и спроведува оценување и евалуација на сите обуки.
Во состав на Секторот постојат две Одделенија:

- Одделение за дизајнирање на наставни програми организира, координира и го следи развојот на наставни програми
- Одделение за оценување и евалуација организира и спроведува оценување на кандидати за основна обука за полицаец и за работниците на Министерството во однос на континуираните обуки

СЕКТОР ЗА Е-УЧЕЊЕ, Е-КУРСЕВИ И ИНФОРМАТИЧКА ПОДРШКА

Секторот организира, координира и реализира е-курсеви за вработените и останатите кандидатите и врши развој на е- програми. Има надлежност и за подршка и одржување на софтвер за е-учење.
Во состав на Секторот постојат две Одделенија:

- Одделение за е-учење и е-курсеви организира, координира и реализира обуки и изготвува наставни планови и програми за е-курсеви
- Одделение за информатичка подршка планира навремено внесување на податоци на Интранетот, одредува термини и планира динамика за изработка на апликации и софтвери

ОТСЕК ЗА ЛОГИСТИКА

Надлежен е за одржување на исправноста на сите објекти во Центарот за обука. Извршува работни задачи во делот на исправноста на електрична инсталација, греење, климатизација, водоводна, канализациона и хидрантска инсталација.

 ------------------------------------------------------------------

ПРАВНА РЕГУЛАТИВА

УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ НА РАБОТА  И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

УПАТСТВО ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ОСНОВНА ОБУКА ЗА ПОЛИЦАЕЦ И УЧЕСНИЦИ НА КОНТИНУИРАНА И МЕЃУНАРОДНА ОБУКА

 

УПАТСТВО ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УПАТСТВОТО ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ОСНОВНА ОБУКА ЗА ПОЛИЦАЕЦ  И УЧЕСНИЦИ НА КОНТИНУИРАНА И МЕЃУНАРОДНА ОБУКА

ОРГАНОГРАМ НА ЦЕНТАР ЗА ОБУКА