Помошник на министерот во Одделот за финансиски прашања

Бобан Атанасовски

Датум и место на раѓање: 16.05.1971 во Куманово

Образование:

 Дипломирал на УКИМ  на Економски факултет Скопје во 1996 и се стекнал со звање дипломиран економист 

Работно искуство:

 Од вработувањето во Министерството во 1998 година до денеска е ангажиран во Министерството на подолунаведените позиции:

 

1998-2003 г. Инспектор по економски криминал во СВР Скопје

2003-2005 г. Советник и Виш советник за мат. работење во МВР                                 

2005-2007 г. Началник на Оддeление за набавки во МВР

2007-2012 г. Виш советник –Раководител на Отсек за платен промет во МВР

2012-2013 г. Началник на Одделение за буџетска координација во МВР

2013-2015 г. Началник на Одделение за буџетска контрола во МВР

2015-2016 Началник на Сектор за буџетска координација и контрола

2016-2018 Началник на Одделение за буџетска контрола во МВР 

 2018-2019 Началник на Сектор за буџетска координација и контрола

 

 

Одделот за финансиски прашања е составен од два Сектора:

-Сектор за буџетска координација и контрола, задолжен за изготвување  на предлог – буџетот на министертството и следење на реализација на буџетот, изготвување на решение за внатрешна распределба на буџетот на МВР, следење на навременото плаќање на расходите во согласност со процедурите за превземање на обврски и извршување на плаќањата , благајничко работење сл. и 

-Сектор за сметководство. попис и плати, задолжено за пресметка и исплата на плати, сметководствено евидентирање на сите финансиски трансакции, изготвување на завршна сметка, спроведување на пописот на МВР и сл.

Во текот на својата кариера има учествувано во голем број на домашни  странски обуки, семинари и курсеви, од областа на јавни финансии, при што има и меѓународни сертификати, како што е сертификат за овозможување на фискално програмирање во структурни реформи од Center of Excellence in Finance во Љубљана-Словенија и сертификат за Public Finance Management во
рамки на MAТРА Pre-Accession training Programme за зајакнување на институционални капацитети за владеење на право во Хаг Холандија