ОДДЕЛ ЗА ЕУ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

 ОДДЕЛ ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

 

Одделот го раководи Помошник на Министерот г. Муамет Реџепи

 
 

Надлежноста на Одделот за Европска унија и меѓународна соработка како организациона единица при Министерството за внатрешни работи се поврзува со прашања од областа на Европската унија, ИПА фондови и останата странска помош, меѓународна соработка на Министерството, со унапредување на соработката со претставниците на дипломатско-конзуларните претставништва во земјата, странските организации и мисии, а особено во изготвување и имплементација на меѓународните документи и комуникација на меѓународен план.

Во состав на Одделот постојат три Сектори и тоа:
 
СЕКТОР ЗА ПРЕГОВОРИ И ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА

Ги извршува работните задачи поврзани со преговарачки позиции и поддршка на процесот за преговори за пристапување кон Европската унија. Воедно го следи степеност на хармонизираност на македонското законодавство со acquis communitaire, особено Секторот е фокусиран кон координацијата на активностите за сите области од Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност.

 

 Во состав на Секторот постојат две Одделенија:

-          Одделение за политиките на ЕУ во областа на азил, миграции и надворешни граници,

-          Одделение за политиките на ЕУ во областа на полициска соработка, борба против организиран криминал, фалсификување на евро и тероризам.

 
СЕКТОР ЗА ИПА И ПРОГРАМИ НА ЗАЕДНИЦАТА

Ги извршува надлежностите во обезбедување на техничка поддршка за проектите кои се спроведуваат во Министерството за внатрешни работи во рамки на Инструментот за предпристапна помош (ИПА), превзема активности за координација во Министерството во процесот на дефинирање на проектни идеи. Во координација со крајните корисници во Министерството подготвува проектни и секторски фишеа, тендерски досиеа (проектни задачи ТоР, техничка спецификација, упатство за апликанти и др.), континуирано го следи степеност на извршување на проектите и оперативната програма, предвидува оценка на ризик на проектите, превзема активности за учество во програмите и агенциите на Европска унија и следи друга странска помош и обезбедува комплементарност.

 

 Во состав на Секторот постојат две Одделенија:

-          Одделение за ИПА,

-          Одделение за програми на заедницата и координација на странска помош.

 
СЕКТОР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Секторот врши координација на меѓународната соработка на Министерството и активности поврзани со изготвување и спроведување на меѓународните документи и комуникација на меѓународен план. Тоа вклучува водење на постапка и одржување на преговори за склучување на договори за билатерална, регионална и меѓународна соработка како и подготовка на сите останати документи од правна важност од областа на меѓународната соработка. Секторот се грижи за подготовка на министерот за учество на меѓународни конференции, билатерални средби на високо ниво каде се јавува како учесник или организатор. Исто така обезбедува стручен превод на пишани документи, симултан и консекутивен превод за потребите на Министерството. 

 
Во состав на Секторот постојат две Одделенија:

-          Одделение за билатерална соработка,

-          Одделение за мултилатерална соработка и стручен превод.