ПОМОШНИК НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА И ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ИГОР АРСОВСКИ

Датум и место на раѓање: Роден на 26.06.1978

Образование:

 Основно училиште завршил во Куманово, а средно во Скопје, во средното полициско училиште. Дипломирал на Факултетот за детективи и безбедност по што се стекнал со звање „Дипломиран криминалист“.

Својата полициска кариера ја започнал во Министерството за внатрешни работи во Република Северна Македонија во далечната 1999 година и работел на повеќе работни позиции во различни организациски единици, меѓу кои Одделот за организиран криминал, Отсекот за криминалистичка техника, Отсекот за економски криминал и Отсекот за недозволена трговија со дрога, како и во Одделот на внатрешна контрола, криминални истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

 

Работно искуство:

 12.01.1999-01.11.2000 – приправник за полиција

01.11.2000-07.04.2004 – полицаец во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Куманово во СВР-Куманово

07.04.2004-09.03.2005 – полицаец во Полициска станица Старо Нагоричане во СВР-Куманово

09.03.2005-01.05.2006 – оперативен работник за извидување во Оддел за организиран криминал

01.05.2006-15.02.2007 – виш крим-техничар во Одделение за криминалистичка техника во СВР-Куманово

15.02.2007-01.09.2008 – помлад инспектор за сузбивање на злоупотреба на опојна дрога во Одделение за криминалистичка полиција во СВР-Куманово

01.09.2008 - 11.12.2008 – самостоен криминалистички техничар во Одделение за криминалистички работи во СВР-Куманово

12.12.2008-31.07.2009 – виш инспектор за економски криминалитет во Одделение за криминалистички работи во СВР-Куманово

01.08.2009-11.07.2010 - самостоен инспектор за економски криминалитет во Одделение за криминалистички работи во СВР-Куманово

12.07.2010-17.07.2012 – началник на отсек за економски криминал во СВР-Куманово

18.07.2012-04.08.2017 – самостоен инспектор по општ криминалитет во Одделение за криминалистички работи во СВР-Куманово

04.08.2017-15.04.2021 – главен инспектор деташиран работник за криминалистички истраги и професионални стандарди во Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

16.04.2021-20.03.2022 – началник на Одделение за професионално работење во Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Од март 2022 година е назначен како Помошник на министерот во Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

 

 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е дел од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија кој е директно подреден на министерот за внатрешни работи и ја контролира законитоста на работата на полициските службеници, како и на другите вработени во Министерството, особено во однос на почитувањето и заштита на човековите права и слободи при вршењето на полициските должности и вршењето на полициските овластувања.