Денеска (19.12.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип спроведоа едукативна презентација на учениците од седмо и осмо одделение во основното општинско училиште „Тошо Арсов“, на тема ,,Не користи петарди и пиротехнички средства“. Преку наменски подготвена презентација, полициските службеници ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. Воедно им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни последици.
Учениците беа запознаени и со законските санкции кои се предвидени за употреба, набавка и продажба на пиротехнички средства.
Исто така, полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево на градскиот пазар и централното градско подрачје во Пехчево, остварија непосредна средба со граѓаните, при што ги запознаа со законските одредби и последиците од користењето на пиротехничките средства. На граѓаните им беа поделени и едукативни материјали под мотото ,,Не користи петарди и пиротехнички средства“.