27 септември 2023

Превентивни активности на ОВР Ресен

Денеска (27.09) во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола во склоп на традиционалното одбележување на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ преку посебен наменски штанд реализираа превентивни активности во делот на сообраќајната безбедност, околу управување со земјоделски машини и механизација, како и во делот на превенцијата од имотни деликти – џебни кражби, кражби, разбојништва, измами и слично.

Притоа, покрај непосредната комуникација со граѓаните, беа поделени и летоци со практични совети во делот на безбедноста во сообраќајот на патиштата. Дополнително беа опфатени и темите за безбедноста на пешаците во сообраќајот со укажувања дека стриктното почитување на сообраќајните правила и прописи е најсигурен гарант по безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Исто така, со присутните граѓани беше разговарано за поголема внимателност и благовремена комуникација со полицијата во контекст на имотните деликти а во интерес на сигурноста на граѓаните и нивните материјални добра.