Денеска (21.09.2023) од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни Велес во заедничка соработка со претставници од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од Кавадарци беше спроведена едукативна работилница во Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ во Кавадарци на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, како дел од превентивниот проект „Безбедно од дома до училиште“.
Превентивната активност односно едукативната работилница е спроведена на ученици од второ одделение од училиштето на кои им беше одржана соодветна наменски подготвена презентација за значењето на сообраќајните знаци, за хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација, како и за правилата за преминување преку раскрсница, а со цел заштита на децата како најранлива категорија во сообраќајот. На учениците по одржаната едукативна работилница им беше поделен соодветен едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП.