Вчера (06.09.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип реализираа превентивна активност од кампањата „Вози одговорно стави појас“. Превентивната активност беше реализирана на неколку патни правци во и околу Свети Николе, при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за користење на појас при патување, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законски пропишана норма.
Исто така, од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал изработен во соработка на РСБСП, а се со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за подобрување на својата , но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.