Денеска (15.05.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш одржаа едукативни предавања на темите „Безбедни полуматурски прослави“ и „Превенција и заштита од врсничко насилство“ на учениците од основните општински училиште „Никола Карев“ и „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, „Гоце Делчев“ во село Конче, „Орце Николов“ во село Ињево, „Кирил и Методиј“ во село Ораовица и „Коста Рацин“ во село Подареш, радовишко.
На работилницата наменета за учениците од деветто одделение било разговарано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи и одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Исто така во непосреден разговор со учениците за можни облици на насилство помеѓу младите, како и последиците кои овие појави може да ги предизвикаат.