Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево при СВР Штип, заедно со Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево на повеќе локации во овој град реализираа превентивни активности под мотото – “вози одговорно-носи појас“.
Притоа, во непосредна комуникација со возачите полициските службеници укажуваа за неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи пред се заради лична безбедност на возачите, но и на другите учесници во сообраќајот. На возачите им беа делени и едукативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.