На 01.09.2024 во 17.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.К.(43) од Тетово поради сомнение дека извршил кривично дело „кражба“ во стан во Тетово, при што одзел пари и повеќе предмети. К.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.09.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Б.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.09.2024 во 20.45 часот во гостиварски Балиндол, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.К.(25) од Балиндол, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.09.2024 во 03.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Б.(36) од Република Србија, затоа што при извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возило „фолксваген пасат“ со српски национални ознаки, кое тој го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол – Република Србија и било предмет на кривично дело. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.
На 01.09.2024 во 18.11 часот во СВР Битола било пријавено дека кај полетувалиштето за параглајдери на место викано „Мечкин Камен“ во Крушево бил пронајден повреден параглајдеристот К.Ф.Б.(60) од Сојузна Република Германија. Според пријавеното, околу 17.40 часот тој полетал од полетувалиштето, но поради силниот ветар изгубил контрола и паднал веднаш по полетувањето и се здобил со тешки телесни повреди. Од екипа на Итна медицинска помош тој пренесен до хелиодромот, кој се наоѓа во близина, по што со хеликоптер на МВР бил пренесен до приватна болница во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител.
На 01.09.2024 во 19.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Р1103, на делницата Кавадарци – Дреново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(41) од Кавадарци и трактор „имт“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од П.С.(32) од с.Возарци, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фиат“, додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатнички Г.Н.(64) и С.Н.(39), како и возачот на тракторот, констатирани во Општата болница во Кавадарци. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 01.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Чакаларов“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(26), удрило во Е.С.(60), двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 01.09.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Центар, А.П.(20) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник.
На 01.09.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Т.(37) од Крива Паланка пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.К.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“ и против Н.С.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.08.2024, по претходно добиени оперативни информации и преземени соодветни мерки и активности, лицата се лишени од слобода со уште двајца малолетници во с.Палатица, на место викано „Рон Скура“ во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба. Притоа, биле пронајдени марихуана, пиштол и куршуми. При приведувањето, Е.К. нападнал полициски службеник. Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на прво и второ пријавениот одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.С.(50) од с.Мојанци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.08.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при МВР го лишиле од слобода пријавениот затоа што при извршен претрес во неговиот дом во с.Мојанци пронајдени се и одземени пиштол „Екол Алп“ калибар 9 мм со три куршуми, пиштол со ознака „Бојно државни“ со 106 куршуми, дигитална вага, стебла канабис и други предмети.
Денеска (02.09.2024) во 02.15 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле Т.П.(63) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.09.2024 во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Т.(59) од село Горно Којнаре, кумановско, затоа што, поради нерасчистени должничко - доверителски односи, со остар предмет го нападнал Г.Д. од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска (02.09.2024) во 02.50 часот во СВР Скопје, 29 - годишник од Скопје пријавил дека на 01.09.2024 околу 19.30 часот, по претходна расправија, во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје бил физички нападнат од неговиот брат А.К.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (02.09.2024) во 01.50 часот во СВР Скопје, Д.Х.(65) пријавил дека во угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Г.К.(38), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.09.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Р.(40) и Е.Р.(29) од една страна и Ѓ.Р.(27) и И.Р.(22) од друга страна, сите од село Баница, струмичко, при што биле употребени и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (02.09.2024) во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Н.(36) од Скопје пријавил дека на 30.08.2024 околу 20.00 часот во парк во с.Бардовци, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Д.А. од с.Бардовци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.09.2024 во 18.20 часот во СВР Штип, Е.Д.(49) од Штип пријавил дека околу 18.00 часот во Штип, А.К. со закана му барал пари, а откако се собрале случајни минувачи А.К. заминал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.09.2024 во 08.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Водно настанал пожар во Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.
На 01.09.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Чучер Сандево настанал пожар во две стари напуштени куќи. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Ивршен бил увид.
На 01.09.2024 во 23.05 часот во Полициската станица Пробиштип, Т.В.(44) од с.Ратавица, пробиштипско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Е.В.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 01.09.2024 околу 12.50 часот на магистралниот пат Граничен премин Делчево - Бугарија, над с.Звегор, делчевско, полициски службеници пронашле две лица мигранти од Сирија и Мароко. Со нив бил извршен службен разговор, по што биле пренесени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.
На 01.09.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Велешта било пријавено дека настанал пожар во три авто плацеви во с.Велешта, струшко. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во авто плац сопственост на А.Х.(59) од с.Велешта биле опожарени осум патнички возила во возна состојба и 20 неисправни возила, во плац сопственост на П.Х.(39) од с.Велешта биле опожарени околу 80 исправни и неисправни возила, додека во авто плац сопственост на А.Р.(51) од с.Велешта биле опожарени пет возила во возна состојба и еден четирицикл. Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалните противпожарни единици од Струга и Охрид, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против С.Н.(41) од Крива Паланка порaди постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ при семејно насилство. На 17.08.2024 во семејната куќа во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга и нивните малолетни деца, при што на сопругата ѝ нанел тешки телесни повреди.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Х.(27) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 26.08.2024 во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, пријавениот запалил електричен кабел, по што избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни.