На 05.08.2015 година околу 19,45 часот во с.Лопате-кумановско поради предходна расправија браќата Ф.А.(33),Ф.А.(30) и уште едно засега непознато лице со ПМВ„Фолксваген-Венто“со кумановски регистерски ознаки истите му го попречиле патот на ПМВ „Фолксваген-Шаран“ со австриски национални ознаки во кое се наоѓале В.З.(18), неговиот брат Ф.З.(18) и Р.А.(20), по што осомничените излегле од возилото и Ф.А.(33) со ракохват од пиштол почнал да удира на страничното стакло на возачката врата од другото возило по што В.З. го стартувал истото и тргнал но удрил во заштитна ограда и застанал. Истите веднаш биле физички нападнати, а Р.А. бил удрен и со тврд предмет во пределот на главата. Со телесни повреди се здобил и Ф.З. и истите биле пренесени во МЦ во Куманово за укажување на лекарска помош. Од страна на СВР-Куманово излезено е на местото на настанот и извршен е увид, а по трите осомничени лица се трага и се работи на целосно расчистување на случајот.
На 06.08.2015 година околу 01,30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Штип двајца полициски службеници додека извршувале службено дејствије забележале како поголема група на лица сакале физички да се пресметаат. Истите превзеле службени мерки за да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир, но едниот полициски службеник бил физички нападнат од М.Д.(56), неговиот син Д.Д.(18) и А.М.(38) по што го напуштиле местото на настанот. По кратко време М.Д. и Д.М. се пронајдени и приведени и со истите извршен е разговор, додека по А.М. се уште се трага и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен подесок.
На 05.08.2015 година околу 19,00 часот на м.в. Бродиште, атар на с.Г.Речица-тетовско пронајдено е телото на Раиф Ј.(61) од с.Лисец, кој беше пријавен за исчезнат при елементарната непогода на 03.08.2015 година.
СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода Ѓокица М.(28) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“. Истиот е спроведен во КПУ„Идризово“.
Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 500 метри, близу триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патролите на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Акциските контроли на езерската полиција се реализираат по целата должина на езерската гранична линија но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Во неколку одделни акции, на околу еден километар од граничната линија во близина на Радожда, во македонските територијални води при обид за контрола, вкупно пет албански државјани-риболовци се затекнати во нелегален риболов. Притоа, тие ги фрлиле мрежите и целокупниот рибарски алат и со чамецот се обиделе да пребегаат. Поради илегален премин на државната граница и незаконит риболов,тие беа запрени од полициските службеници по што од нивните чамци одземен е улов од риба-пастрмка и белвица, метални канџи и друга рибарска опрема. Во незаконит риболов во водите на Охридско езеро, затекнати се и седум македонски државјани-шест од Охрид и еден од Скопје. Двајца од нив со рибарска мрежа од околу 40 метри и со нерегистриран чамец ловеле на околу 500 метри од градското пристаниште. Уловената риба-белвица заедно со мрежата и целокупната опрема е одземена. На потегот помеѓу Пештани и Св.Наум полициските службеници пронајдоа една висечка рибарска мрежа во должина од сто метри и поголема количина Охридска белвица. Во две одвоени патроли, скопјанец и охриѓанец, се затекнати во лов на риба-крап со недозволено средство-подводна пушка-харпун.Согласно законот за внатрешна пловидба а поради непочитување на забраната за движење на пловни објекти, против четири лица поднесени се прекршочни пријави кои се проследени до Капетанија на пристаништа како и четири кривични пријави за незаконит риболов. Од први јули заради поголема безбедност во пловидбата и на капачите, заштита на животната средина како и намалување на рибокрадството стапи на сила ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.