18 октомври 2020

702 санкции за неносење заштитна маска

 Во текот на изминатото деноноќие (17/18.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 702 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.