СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Г.(45) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 29.01.2025 во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.03.2025 на Бит Пазар, на импровизирана тезга, полициски службеници го затекнале пријавениот како врши продажба на различни пиротехнички средства, при што истите биле одземени.
На 04/05.04.2025 во времето од 23 до 02 часот на подрачјето на СВР Тетово, полициските службеници од СВР Тетово во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Дирекција за заштита и спасување спроведоа акциска контрола во три угостителски објекти. Притоа, во еден угостителски објект бил лишен од слобода Р.Е.(32) од Тетово, кај кого при преглед бил пронајден и одземен кокаин. Исто така, во трите угостителски објекти биле приведени Е.И.(32) од Боговиње, А.Ј.(55) од Тетово, Ш.Л.(27) од с.Порој и Е.А.(35) од с.Мала Речица, кај кои биле пронајдени остри предмети. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 215 од КЗ и член 80 од Закон за оружје. Од страна на другите институции кои биле вклучени во акциската контрола биле констатирани низа неправилности при што од страна на ДПИ на два објекта ќе им бидат доставени решенија за затворање.
На 04/05.04.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Д.(19), Ј.Ф.(26), И.И.(44), И.В.И.(29), Т.А.(21), Н.Л.(31) сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 04.04.2025 во 22.45 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека во Струга, на магистралниот пат А-2, пред Полициската станица за граничен надзор Франгово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(42), и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(30), двајцата од с.Франгово, струшко. Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и уште една сопатничка од патничкото возило „фолксваген голф“ А.Д.(44) од с.Франгово, струшко, констатирани во Медицинскиот центар-Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
На 04.04.2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека при преглед на келии во Затвор Прилеп, кои ги користеле затворениците Н.Н.(35) од Прилеп и М.К.(54) од с. Стојаково, општина Богданци, била пронајдена марихуана и одземена кутија со 11 семки од канабис. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (05.04.2025) во 03.40 часот во СВР Скопје, З.К.(45) од Скопје пријавил дека на 04.04.2025 околу 22.30 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од група малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 04.04.2025 во 22.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле малолетникот А.Х.(12), кој од Јавна установа за згрижување на деца беше пријавен дека се оддалечил од установата. Малолетникот бил предаден во установата.
Денеска (05.04.2025) во 01.00 часот во СВР Скопје, И.С.(48) од Скопје пријавил дека на 04.04.2025 околу 22.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (05.04.2025) околу 02.00 часот во СВР Скопје, М.П.(22) од Скопје пријавил дека во парк на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од повеќе лица, кои претходно му побарале пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.04.2025 во 02.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Н.К.(48) и С.К.(50), двајцата од Скопје, по претходна пријава, дека во дворот на семејната куќа го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив, а Н.К. физички ја нападнал А.Ј.(22) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (05.04.2025) во 05 часот во СВР Штип, Ф.А.(18) од Штип пријавил дека околу 00.45 часот во населбата Баби во Штип, по претходна расправија, Р.Г. му се заканил со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.04.2025 во 20.45 часот во СВР Штип, Ш.М.(34) од с.Шашаварлија, штипско пријавила дека околу 16.35 часот во Штип нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник со стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.04.2025 во 10.20 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош Виница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Л.(26) од Виница, кој според пријавеното, се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика во Виница. По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Виница и инспектор за безбедност и заштита при работа.