Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Заедно со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви“ – превентивна активност на СВР Битола

„Заедно со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви“ – превентивна активност на СВР  Битола

Вчера (16.11.2025) во Битола, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, во содејство со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Битола и со претставници од РСБСП, по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, ја започнаа кампањата под мото „Заедно со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви“. За таа цел на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина и порака - ДОСТА Е! СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА!, изготвени во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност Скопје. 

Секоја година милиони лица во светот го губат животот или се повредени како последица на сообраќајните незгоди. Само во изминатата година, во државата 142 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, додека 7.156 лица беа повредени.
Денеска, (17.11.2025) полициски службеници од ОВР Крушево реализираа превентивна активност во насока на заштита на шумите од бесправна сеча и заштита од пожари.

Мени за пристапност