Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Полагање на стручен испит за вршење работи во автошкола и испитен центар и на испит за возач контролор

Стручниот испит за вршење работи на предавач и возач-инструктор во автошкола се врши согласно Програма за проверка на стручно оспособување за добивање на лиценца за оспособување на кандидат за возач која е објавена во Сл. весник на РМ бр.72/2017).

Стручниот испит за вршење работи на контролор, испитувач по наставна програма сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и испитувач по наставна програма управување со возило (практичен дел) во испитен центар се врши согласно  Програма за проверка на знаење на кандидат за возач која е објавена во Сл. весник на РМ бр.72/2017) како и :

Правилник за Програмата за начинот на спроведување на испити за проверка на знаење за добивање на лиценца за контролор, испитувач по наставна програма сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и испитувач по наставна програма управување со возило (практичен дел) во испитен центар објавена во Сл. весник на РМ бр.72/2017).

Користена литература како и  законски и подзаконски акти при изготвување на прашањата за стручен испит:

·                     Мотори и моторни возила;

·                     Познавање на моторните возила – автомобили;

·                     Психологија и култура во сообраќајот;

·                     Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија” број 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 70/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25 и 258/25);

·                     Закон за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/08, 53/11,123/12, 153/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19,87/23, 148/25, 160/25 и 258/25);

·                     Правилник за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот (Сл. весник на РМ бр.174/20);

·                     Правилник за начинот на спроведување на возачките испити и поблиските критериуми во однос на просторните услови и материјално - техничката и информатичката опрема на испитните центри и водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити, како и начинот на издавање и одземање на лиценца за испитен центар, формата и содржината на образецот на лиценцата за испитен центар („Сл. весник на РСМ бр.29/25“);

·                     Правилникот за критериумите, начинот на работа на автошколите, наставниот план и програма за обука, стручниот кадар, опремата со која треба да располагаат, како и евиденциите што треба да ги водат автошколите за оспособување на кандидати за возачи (Сл. весник на РМ бр. 30/17 и 162/19);

·                     Прирачник за подготовка за полагање на стручен испит за работа во автошкола и испитен центар (РСБСП 2020г.);

Мени за пристапност