ПОЛИЦИСКАТА АКАДЕМИЈА ги врши работите што се однесуваат за спроведување полициска обука и полициско образование преку Средното полициско училиште. Во рамките на своите надлежности Полициската академија ги врши работите што се однесуваат на реализирање на основна обука за полицаец, обука за работници кои за првпат засноваат работен однос во Министерството, обука заради оспособување на работник за самостојно вршење на работите на одредено работно место, континуирана обука и меѓународна обука согласно склучен договор. Полициската академија спроведува и обуки за раководење и друг вид специјализирани обуки согласно со Каталогот на континуирани обуки во Министерството врз основа на наставни планови и програми.
СЕКТОРОТ ЗА ОБУКИ ги врши работите што се однесуваат на:
-организирање и спроведување: основна обука за полицаец; обука за работници кои за првпат засноваат работен однос во Министерството; обука за самостојно вршење на работите за одредено работно место; континуирана обука на вработените на Министерството; обука за раководење на подрачјето на безбедноста (менаџмент на безбедност) на работници во Министерството врз основа на наставни планови и програми одобрени од министерот, меѓународни (регионални) обуки;
-развој и дизајнирање на наставни програми и планови за обуките за потребите на Министерството и други јавни и државни институции за спроведување на обуки по нивно барање;
-анализа на потребите за обука; планирање на обуките; дизајнирање на обуки со изработени наставни програми и планови, матријали за учење и предложена методика за спроведување на обуката;
-организирање и спроведување семинари, работилници, советувања; учество во оценување и евалуација на обуката и слушателите и да води база на податоци од обуките и
-извршување други работни задачи кои по својот вид и карактер се соодветни на наведените.
ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОСНОВНА ОБУКА И ОЦЕНУВАЊЕ ги врши работите што се однесуваат на:
-организирање и спроведување основна обука за полицаец;
-развој и дизајнирање на наставна програма и задачи за учење за кандидатите за полицаец од основна обука;
-планирање на обука; дизајнирање на средини за учење;
-одредување компетенции; изготвување и спроведување на тестови за мерење компетенции;
-изготвување прашања за писмен тест и планирање, организирање и спроведување писменото тестирање; учество во оценување и евалуација на обуката и слушателите;
-организирање и спроведување семинари, работилници, советувања и
-извршување други работни задачи кои по својот вид и карактер се соодветни на наведените.
ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА КОНТИНУИРАНИ И МЕЃУНАРОДНИ ОБУКИ ги врши работите што се однесуваат на:
-организирање и спроведување на обука за самостојно вршење на работите за одредено работно место;
-обука за работници кои за првпат засноваат работен однос во Министерството;
-континуирана обука на вработените на Министерството; обука за раководење на подрачјето на безбедноста (менаџмент на безбедност) на работници во Министерството врз основа на наставни планови и програми одобрени од министерот и меѓународни (регионални) обуки; развој и дизајнирање на наставни програми и планови за потребите на Министерството и други јавни државни и меѓународни институции и организации; планирање на обука; развој на материјали и методи за учење; врши дизајнирање на средини за учење; учествува во оценување и евалуација на обуката и слушателите;
-организира и спроведува семинари, работилници, советувања;
-координира и врши развој на програми за хибридно учење и е – учење и
-извршување други работни задачи кои по својот вид и карактер се соодветни на наведените.
СРЕДНОТО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ ги врши работите што се однесуваат на:
-планирање, организирање и спроведување на воспитно образовниот процес во Средното полициско училиште;
-изработување наставни програми за секој наставен предмет;
-дизајнирање материјали за учење; водење педагошка документација, евиденција и база на податоци за учениците во Средното полициско училиште;
-планирање и спроведување активности за учење во интернат и спроведување на теренско тактичка обука и
-извршување други работни задачи кои по својот вид и карактер се соодветни на наведените.
ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ПРЕДМЕТНА НАСТАВА ги врши работите што се однесуваат на:
-планирање, организирање и спроведување на предметна настава и спроведување на воспитно образовниот процес во Средното полициско училиште;
-водење педагошка документација, евиденција и база на податоци за учениците во Средното полициско училиште;
-изработување на матријали за учење за учениците; следење на воспитно образовниот процес и психо социјалниот развој на учениците;
-развивање на компетенции за самостојно извршување на задачите од работното место – полицаец и
-извршува други работни задачи кои по својот вид и карактер се соодветни на наведените.
ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ТЕРЕНСКО-ТАКТИЧКА НАСТАВА ги врши работите што се однесуваат на:
- планирање, организирање и спроведување на воспитен процес во Средното полициско училиште;
-организирање и спроведување на попладневни часови за учење (занимална);
-надзор врз одржување на хигиена во павилјоните; планирање и спроведување на теренско - тактичката обука и строевата обука и
-извршување на други работни задачи кои по својот вид и карактер се соодветни на наведените.
СЕКТОРОТ ЗА ЛОГИСТИКА ги врши работите што се однесуваат на:
-правно и финансово работење; педагошко-психолошка поддршка за кандидатите за обука и учениците во Средното полициско училиште;
-примарна здравствена грижа за учесниците на обуките и учениците во Средно полициско училиште;
-ИТ поддршка; физичко обезбедување на Полициската академија и контрола на влез и излез на странки во академијата;
-одржување на исправноста на целокупниот инвентар, опрема, простории и инсталации и хигиената на опремата за сместување (перална) и
-извршува други работни задачи кои по својот вид и карактер се соодветни на наведените.
ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СТРУЧНА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ги врши работите што се однесуваат на:
-обезбедување примарна здравствена заштита за учесниците на обуки и учениците во Средно полициско училиште;
-правните и финансиските прашања поврзани со Полициската академија;
-педагошко психолошка поддршка за Секторот за обуки и Средно полициско училиште;
-спроведување на тестови за интегритет;
-ИТ поддршка за наставата во Полициската академија;
-поддршка и одржување на софтвери за е- обуки;
-надзор и контрола на мрежен и интернет сообраќај;
-спроведување мрежна политика и ниво на привилегии на корисниците;
-води ред за безбедноста на мрежниот систем; планирање, организирање и спроведување на физичкото обезбедување на Полициската академија, со контрола на влез и излез на странки и
-врши други работни задачи кои по својот вид и карактер се соодветни на наведените.
ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОПШТИ РАБОТИ ги врши работите што се однесуваат на:
-одржување на исправноста на сите објекти и простории во Полициската академија;
-одржување на исправноста на опремата и материјално техничките средства со кои располага Полициската академија;
-сместување на учесниците на обуки во соби; да врши задолжување и раздолжување на инвентар;
-грижа за исправноста и одржување на сите видови инсталации во Полициската академија;
-одржување хигиена на постелнината за сместувачките капацитети;
-одржување и поправка на столарија; непречено функционирање на инсталациите за парно греење и
-врши други работни задачи кои по својот вид и карактер се соодветни на наведените.“