Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Упатство и постапка за одделни права (барања) на странците

Упатство и постапка за одделни права (барања) на странците

 
Се известуваат сите физички и правни лица (државјани на странски држави, државјани на Р.С.Македонија, даватели на услуги за сместување на странци, образовни институции,  органи на државната управа, стопански, културни и други субјекти) дека на 5 јуни 2019 година отпочна со примена новиот Закон за странци, со кој се уредуваат условите за влез, излез, напуштање, регулирање привремен и постојан престој, враќање на странци со незаконски престој, како и правата и должностите на странците во Р.С.Македонија. Наскоро се очекува донесување на новиот Правилник за странци и други подзаконски прописи во кои подетално ќе се разработат начините и постапките за одобрување и одбивање на влез, одобрување и продолжување привремен престој, одобрување постојан престој, откажување и одземање на престој, враќање, протерување и отстранување на странец, како и пријавување и одјавување живеалиште и престојувалиште на странец. Тука ќе бидат содржани и обрасците за различни видови решенија, барања и потврди. 
Истовремено, ве известуваме дека за прашањата на странци во поглед на влез, излез, престој и враќање на странци со незаконски престој во Република Северна Македонија, во Министерството за внатрешни работи (МВР) надлежен е Одделот за гранични работи и миграции, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје и инспекторатите за странци и реадмисија и граничните премини во состав на четирите регионални центри за гранични работи. Во Скопје, надлежен е Отсек за странци и реадмисија во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Регионален центар за гранични работи „Север“, бул.Гоце Делчев бб (зграда на МРТВ, 9 кат).
Важечките законски и подзаконски прописи од оваа област (вклучително и Законот за странци на англиски јазик), може да се најдат на веб страната на Министерството за внатрешни работи, во делот - Легислатива: www.mvr.gov.mk  
Со цел благовремено информирање за измените и дополнувањата на важечките прописи во оваа област, важно е да се следат информациите на наведената веб страна, особено пред планираните патувања или престој во С.Македонија и доколку е потребно, да се комуницира со горенаведените служби или со Одделот надлежен за односи со јавноста, на следните електронски адреси: kontakt@moi.gov.mk или mvrjavnost@gmail.com  
 

Мени за пристапност