Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Информатика и телекомуникации

Развојот на технологијата има значајна улога во подобрувањето на ефективноста и ефикасноста на службите за спроведување на законот. Одделот за информатика и телекомуникации во МВР преку постојано следење на модерните технолошки трендови и анализа на потребите на корисниците во министерството, ги идентификува начините на кои современите информациско-телекомуникациски решенија ќе го подобрат извршувањето на задачите во доменот на полициското работење.

Одделот за информатика и телекомуникации ги врши работите од областа на информатичката технологија, телекомуникациите, информациската безбедност и криптозаштита.

Во рамките на Одделот за информатика и телекомуникации фунционираат два сектора:

  • Сектор за информатичка технологија, а во неговиот состав:
    • Одделение за развој на информациски системи
    • Одделение за системска и техничка поддршка
    • Одделение за поддршка на корисници и експлоатација
    • Отсек за персонализација на документи

  • Сектор за телекомуникации, со ;
    • Одделение за телефонски и преносни мрежи
    • Одделение за експлоатација, криптообработка и видео надзор
    • Одделение за радио-комуникациски мрежи и напојување

 

Во состав на одделот се издвоените објекти:

  • Центар за опоравување од катастрофи во Прилеп
  • објектот на Солунска глава.

 

Мени за пристапност