Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Мисија
Министерството за внатрешни работи ги штити граѓаните, државата, човековите права и слободи, го сузбива криминалот и корупцијата и го унапредува владеењето на правото, преку законито, професионално, етичко и транспарентно работење и обезбедување квалитетни и ефикасни услуги, согласно потребите и очекувањата на граѓаните и заинтересираните страни.

Визија
Современо, професионално, доверливо и отпорно Министерство, со развиена култура на квалитет, интегритет и одговорност, кое преку дигитална трансформација, компетентни вработени, иновации, управување со ризици и континуирано подобрување обезбедува високо ниво на безбедност и квалитетни услуги за граѓаните и општеството.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Министерот и највисокото раководство се посветени на воспоставување, одржување и континуирано подобрување на системот за управување со квалитет, во согласност со стратешката насока, контекстот и законските надлежности на Министерството, преку:

•    Законитост, интегритет и етика – почитување на човековите права, владеењето на правото, професионалната етика, непристрасноста и недискриминацијата, со нулта толеранција кон корупцијата;
•    Безбедност и сигурност – спречување и сузбивање на криминалот, корупцијата и илегалната миграција, унапредување на јавната безбедност и институционалната отпорност;
•    Фокус на граѓаните – обезбедување квалитетни, достапни, навремени и ефикасни услуги;
•    Модернизација и компетентност – унапредување на стручните компетенции на вработените, дигитализација на процесите, примена на иновативни технологии и зајакнување на информациската и сајбер-безбедност;
•    Управување со ризици и можности – навремено идентификување и управување со ризиците и можностите, одлучување врз основа на докази и континуирано подобрување;
•    Европска и меѓународна соработка – усогласување со правото на ЕУ и јакнење на меѓународната и меѓуинституционалната соработка;
•    Еднаквост и одржливост – унапредување на родовата еднаквост, заштита од дискриминација и почитување на принципите на одржлив развој, вклучително и справување со влијанијата на климатските промени.

Највисокото раководство презема одговорност за ефективноста на системот за управување со квалитет, промовира култура на квалитет и етичко однесување, обезбедува потребни ресурси и поттикнува активно учество на вработените во неговото спроведување и подобрување. Се обврзува на исполнување на применливите барања, остварување на целите за квалитет и континуирано подобрување. Политиката се применува и комуницира на сите нивоа, достапна е за заинтересираните страни и периодично се преиспитува заради обезбедување на нејзината соодветност и ефективност.

 

Caption

 

Мени за пристапност