Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектор за меѓународна полициска соработка

Секторот за меѓународна полициска соработка (International Police Cooperation Department) е организациона единица во Бирото за јавна безбедност која има улога да врши меѓународна координација на органите за спроведување на законот кои се надлежни за откривање и гонење на сторители на кривични дела, а кои се во полето на меѓународната полициска соработка.

 

Секторот остварува координација и поддршка во меѓународната размена на информации и податоци меѓу органите на државната власт на Република Северна Македонија и странски државни органи, меѓународни институции и организации,  надлежни за откривање и гонење на сторители на кривични дела, заради подобрување на нивната оперативна и стратешка соработка.

 

За комуникацијата со надлежните органи на странските земји се користат повеќе канали: редовна пошта, телефон, факс, како и информациските системи на ИНТЕРПОЛЕВРОПОЛ и СЕЛЕК.

 

Во вршењето на работите на Секторот се применуваат прописите од областа на заштитата на личните податоци и безбедноста на класифицираните информации.

 

Секторот се состои од три одделенија и работни позиции, кои се хиерархиски директно систематизирани под Началникот на Сектор:

  1. Одделение НЦБ Интерпол Скопје
  2. Одделение за Европол
  3. Одделение за потраги
    1. Отсек за меѓународни потраги
    2. Отсек за национални потраги и
    3. Отсек за потраги по цел.

 

Во СМПС се систематизирани и следните работници позиции кои одговараат директно на началникот на сектор: дежурна служба (24/7), аналитичар, преведувач, административен персонал и офицер за врска со СЕЛЕК.

 

Република Северна Македонија има свои претставници – офицери за врска распоредени во седиштето на ИНТЕРПОЛ во Лион, Франција, во седиштето на ЕВРОПОЛ во Хаг, Холандија и во седиштето на СЕЛЕК во Букурешт, Романија кои овозможуваат полесна координација и комуникација со странските служби.

 

Заради исполнување на стандардот за 24/7 работно време, пропишан од сите меѓународни полициски организации во кои Северна Македонија членува, дежурната служба работи во смени за потребите на целиот Сектор и постапува по итни барања од сите надлежни институции во државата и од странство, преку каналите на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ, СЕЛЕК итн.

 

СМПС разменува информации со криминалистичките служби во земјата и странство, а соработува и со сите други надлежни институции кои работат на превенција и спречување на сторување кривични дела, како и нивно расветлување. Секторот соработува и со полициските офицери назначени од странски земји во Република Северна Македонија или регионот.

Мени за пристапност