Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Вози безбедно -стигни сигурно“ и „Не управувај патничко моторно возило под дејство на алкохол”, превентивни активности на СВР Штип

„Вози безбедно -стигни сигурно“ и „Не управувај патничко моторно возило под дејство на алкохол”, превентивни активности на СВР Штип

Денеска (18.11.2025), СВР Штип реализираше превентивни активности под мотото „Вози безбедно-стигни сигурно“ и „Не управувај патничко моторно возило под дејство на алкохол”
Во централното градско подрачје во Штип, Свети Николе и Пехчево полициски службеници спроведоа превентивни активности за подигање на свеста кај возачите за користење зимска опрема. Притоа, на возачите  им беа делени летоци со корисни совети за возачите. Главна цел на активностите беше насочена кон подигнување на свеста  кај учесниците во сообраќајот за важноста од правилна подготовка на возилата за зимски услови. Исто така , во непосреден контакт, на возачите им беше укажано на значењето од навремена проверка на гумите, сопирачките и дополнителната опрема за безбедно управување во зимски услови.

Исто така реализирана е превентивна активност на повеќе локации во централното градско подрачје на Кочани со наслов „Не управувај патничко моторно возило под дејство на алкохол”. За време на реализирање на активноста на возачите учесници во сообраќајот им беше посочена законската регулатива со низа препораки за безбедно управување на патничко возило како и почитување на сообраќајните правила и прописи и укажано им е дека секој возач кој конзумирал   алкохол повеќе од дозволеното и управува патничко возило ќе биде санкциониран. На возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина.

Исто така денеска од страна на полициски службеници од Полициска станица за безбедноста на патниот сообраќај Штип во ООУ „Славејко Арсов“ во Штип реализираа предавање на тема “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”. Притоа, децата преку наменски подготвено предавање беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, односно како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот, и како пешаци, а особено кога возат велосипеди.

Мени за пристапност