Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Внимавај, телефонски измами“ и посета на Полициска станица, превентивни активности на СВР Скопје

„Внимавај, телефонски измами“ и посета на Полициска станица, превентивни активности на СВР Скопје

Денеска (17.11.2025), СВР Скопје реализираше превентивна активност под мото „Внимавај, телефонски измами“. Превентивната активност беше насочена кон информирање и едукација на повозрасната популација која е најчеста жртва на таквите измами. Преку непосредни разговори и делење на едукативен материјал граѓаните беа информирани дека најчест вид на измами се измамите со лажна сообраќајна незгода во која измамниците претставувајќи се на телефон како полициски службеници, адвокати, обвинители или лекари, од жртвата бараат одредена сума на пари.

Целта на оваа активност е подигнување на свеста кај популацијата и начините на заштита од овој вид кривично дело како и апел доколку некој добие таков повик да го прекине веднаш разговорот и да се јави на броевите 112 или 192.  

Исто така денеска од страна на учениците  од IV и V одделение од  ООУ „Јоаким Крчовски“-Волково, како дел од наставната годишна програма на училиштето, реализирана беше посета на ПСОН Ѓорче Петров. Целта на посетата беше запознавање со професијата Полицаец, како и начинот на функционирање на полициската станица и надлежностите на истата.

Мени за пристапност