Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Заедно со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви“ – превентивна активност на СВР Тетово

„Заедно со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви“ – превентивна активност на СВР Тетово

На 16.11.2025 во близина на наплатна станица Желино, полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Тетово, во содејство со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, ја започнаа кампањата под мото „Заедно со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви“. За таа цел на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина и порака - ДОСТА Е! СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА! , изготвени во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност Скопје. 
Секоја година милиони лица во светот го губат животот или се повредени како последица на сообраќајните незгоди. Само во изминатата година, во државата 142 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, додека 7.156 лица беа повредени.

Мени за пристапност