На 16.11.2025 од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и Струга, беше реализирана превентивно-едукативна кампања „Одговорно учество во сообраќајот“. Целта на кампањата е подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај возачите на моторни и други возила, како учесници во сообраќајот, за одговорно однесување и зголемена внимателност при управувањето со возилата што ќе придонесе за повисока безбедност во сообраќајот и избегнување на сообраќајни незгоди.
Притоа, полициски службеници од Отсекот за превенција, на повеќе сообраќајници во градот, остварија непосредна комуникација со возачите и им укажаа на доследно придржување кон правилата и прописите и целосно почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација. На возачите им беа поделени летоци и друг едукативен материјал со низа практични совети за сообраќајна безбедност што треба да резултира со намален број на сообраќајни незгоди и загинати лица.