Денеска (22.02.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со полициските станици и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар, спроведоа превентивна активност на автопатот Тетово–Гостивар, кај наплатните станици во Тетово и Гостивар.
Активноста се реализираше под мотото „Користи зимска опрема“, при што преку директна комуникација со возачите и делење едукативни летоци беше потенцирана потребата од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи. Посебен акцент беше ставен на законската обврска за користење зимска опрема во периодот од 15 ноември 2025 година до 15 март 2026 година.
Воедно, на возачите им беа укажани и санкциите предвидени за непочитување на оваа обврска, како и можните последици по безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Целта на активноста е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на ризикот од сообраќајни незгоди во зимски услови.