Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Вози одговорно- патувај безбедно“, „Користи зимска опрема“ и „Паркирај совесно“, превентивни активности на СВР Штип и СВР Тетово

„Вози одговорно- патувај безбедно“, „Користи зимска опрема“ и „Паркирај совесно“, превентивни активности на СВР Штип и СВР Тетово

Вчера и денеска (07/08.01.2026) полициски службеници од СВР Штип и СВР Тетово спроведоа превентивни активности за безбеден сообраќај. 

Денеска во Штип и Берово, полициските службеници од ПС за БПС Штип и ПС за БПС Берово под мотото „Користи зимска опрема“, низ директна комуникација и со делење на летоци, на возачите им ја потенцираа потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено на обврската за користење на зимска опрема во периодот од 15 ноември 2025 година до 15 март 2026 година, како и санкциите што се предвидени за непочитувањето на законите, но и последиците што можат да настанат. Во Кочани пак, од страна на полициски службеници од ПС за БПС Кочани, реализирана е превентивна активност „Паркирај совесно“, при што граѓаните беа запознаени со последиците што можат да настанат доколку возилата се паркираат непрописно и со тоа се заземаат површините наменети за движење на пешаци и велосипедисти.  

Вчера пак, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од ПС за БПС Тетово на наплатната станица Желино и наплатната станица Тетово, реализираа превентивна активност во координација со РСБСП и Факултетот за безбедност- Скопје со цел зголемување на свеста кај граѓаните за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и со тоа зголемување на безбедноста на улиците и патиштата.

Мени за пристапност