Денеска (05.01.2026), полициски службеници од СВР Штип на повеќе локации на територија на СВР Штип реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот. Во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип во рамки на превентивните активности под мотото „Користи зимска опрема“, „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Вози одговорно, патувај безбедно“, на возачите низ директна комуникација и делење на едукативни летоци им ја потенцираа потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено во делот на користење на зимската опрема, обврска која е на важност во периодот од 15 ноември 2025 година до 15 март 2026 година, како и штетните последици што можат да настанат доколку возачите користат мобилен телефон додека управуваат со возилото. На возачите им беше укажано и на санкциите кои се предвидени за непочитување на законите.
Превентивни активности за безбеден сообраќај беа спроведени и во Виница, Делчево, Берово и Пехчево, со акцент на забраната за управување возило доколку се консумира алкохол, но и на другите сообраќајни правила и прописи.
На територија на Свети Николе, пак, од страна на полициски службеници од ПС Свети Николе беше спроведена превентивна активност со цел подигнување на свеста кај граѓаните за штетните последици од користењето на оружје и пиротехнички средства. Во рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни летоци, а им беа презентирани и штетните последици што можат да настанат, како и законската регулатива, односно предвидените санкции.