На 02.01.2026 во централното градско подрачје во Пробиштип, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Пробиштип при СВР Штип спроведоа превентивна активност со цел подигнување на свеста од штетните последици од користење на оружје и пиротехнички средства под мотото „Слави со срце, не со оружје“.
Во рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни летоци, а исто така им беа презентирани опасностите и ризиците од употреба на пиротехнички средства, последиците кои може да настанат од нивно користење, законската регулатива во однос на неовластеното користење и употреба на пиротехнички средства, како и улогата на полицијата во овие дела. Исто така, укажано е и тоа дека пукањето со оружје или пиротехнички средства претставува кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое е предвидена и затворска казна.