Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, превентивна активност на СВР Скопје

„Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, превентивна активност на СВР Скопје

Денеска (12.01.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје спроведоа превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ на подрачјето на ПСОН Центар.

Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните им укажуваа да не оставаат вредни предмети во паркираните автомобили, со цел да се превенираат можностите за тешки кражби од патнички моторни возила.

Исто така, на граѓаните им беше укажувано за начините за превенција во тесна соработка со полицијата, а воедно им беа делени и едукативни печатени материјали со информативни содржини. Воедно, им беше посочено дека секој сомнителен случај треба да го пријават во полициска станица.

Мени за пристапност