Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од насилство и имотни деликти

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од насилство и имотни деликти

Денеска (08.05.2026) во Пробиштип и Штип беа реализирани превентивни активности „Не користи мобилен телефон“ и „Стави појас“, при што на возачите им беше укажано за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила, како и за потребата од користење на сигурносен појас како од страна на возачите, така и од страна на сопатниците. Целта на активностите е да се влијае на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и нивото на сообраќајна култура, во насока на намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

Во текот на вчерашниот ден, Одделението за превенција при СВР Скопје во СУГС „Никола Карев“ реализираше трибина посветена на спречувањето на насилството и зависностите. Учениците беа запознаени со важноста за одговорно однесување, како и за мерките и последиците од непочитување на законските одредби  од областа на јавниот ред и мир и Кривичниот законик. На подрачје на ПС Чаир пак, беше реализирана превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“. На возачите на моторни возила им беше укажано кога ги напуштаат своите возила да не оставаат вредни предмети на видно место.

Мени за пристапност