Денеска (09.05.2026) полициски службеници од ОВР Кавадарци , реализираа сообраќајна превентивна активност под мото „Носи кацига, вози внимателно“.
Целта на активноста беше да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајна култура преку потсетување на сообраќајните правила, прописи и обврски за внимателно и одговорно учество во сообраќајот и зголемување на безбедноста на возачите на мопеди и мотоцикли. На возачите им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, која се однесува како за нив, така и за сопатниците, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. За време на активноста беше поделен и печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.
Денеска (09.05.2026), полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток - Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Делчево заедно со Полициската станица од општа надлежност Делчево, Шумска полиција и ЈП „Национални шуми“ - Делчево во повеќе села на подрачјето на општина Делчево, (Бигла, Драмче, Чифлик, Петрашевец) на планината Голак реализираа превентивни активности за заштита од пожари на отворено и спречување на незаконско сечење и транспорт на дрва.
Полициските службеници преку средби и разговори ги информираа граѓаните за опасноста од пожарите, последиците од палењето на оган на отворено, палењето на стрништа, сува трева, а беше потенцирано дека навременото информирање и пријавување е особено значајно. Притоа, на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина.