На 10.05.2026, во рамки на кампањата за унапредување на сообраќајната култура, на подрачје на Полициската станциа од општа надлежност Кисела Вода, на локалниот пат Батинци - Езеро Козјак, беше реализирана сообраќајно - превентивна активност наменета за возачите согласно кампањите „Носи кацига“, „Не користи мобилен телефон додека возиш", „Стави појас" и „Не консумирај алкохол додека возиш".
Превентивната активност беше организирана од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републикчкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а со цел подигнување на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот.
Притоа беше поделен едукативен материјал - летоци со практични совети за безбеден сообраќај.