Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на употреба на оружје и имотни деликти

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на употреба на оружје и имотни деликти

Денеска (11.05.2026) полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“. Преку непосредна комуникација, на возачите им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При тоа, им беше укажано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност. Исто така, полициски службеници од ОВР Неготино реализираа превентивна активност на тема „Заштити се од кражби“, укажувајќи им на граѓаните како да се заштитат од различни форми на имотни деликти. Во рамки на активностите беше поделен и печатен едукативен материјал.

Одделението за превенција на СВР Скопје со учениците од ООУ „Григор Прличев“ на подрачје на  општина Гази Баба, спроведе едукативна активност за улогата на пешаците во сообраќајот и други компоненти кои ја градат сообраќајната култура кај децата од таа возраст. Притоа, на децата им беа објаснети основните сообраќајни поими, правила и прописи, улогата на полицискиот службеник во сообраќајот, како и начинот на интеракција со граѓаните, адаптирано на нивна возраст. Полициски службеници од ПС Кочани пак, ги потсетија граѓаните дека доколку управуваат возило под дејство на алкохол, ја загрозуваат и својата, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. 

Во Општинското основно училиште „Братство Миѓени“ во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција и Одделот за полиција при СВР Тетово, како и претставници од Мисијата на ОБСЕ, реализираа едукативна активност во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за спречување на злоупотреба на мало и лесно оружје.

Едукативното предавање беше реализирано со интерактивен пристап, а целта е да се подигне свеста кај помладата популација во врска со последиците и законските импликации доколку бидат инволвирани во вакви девијантни однесувања.

Мени за пристапност