Денеска (07.05.2026) полициски службеници од ОВР Неготино, на подрачје на општините Неготино и Демир Капија, реализираа превентивна активност „Полицијата поблиску до граѓаните“. Во рамки на активноста на граѓаните им беа делени совети за зголемување на нивото на нивната лична и имотна сигурност, а целта е да се потенцира неопходноста од взаемната соработка и довербата помеѓу локалната заедница и полициските службеници, создавајќи подобра комуникација.
Од страна на полициски службеници од Свети Николе, пак, во Свети Николе беше реализирана превентивна активност „Не пиј ако возиш“, со цел да се подигне свеста кај граѓаните за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, особено да не возат доколку конзумирале алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.