Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за безбеден сообраќај и заштита од семејно насилство

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за безбеден сообраќај и заштита од семејно насилство

 

Денеска (06.05.2026) полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа едукативно предавање за ученици од Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци на тема „Вистинскиот мотоциклист е одговорен учесник во сообраќајот“. Целта на активноста е да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајна култура, преку потсетување на сообраќајните правила, прописи и обврски за внимателно и одговорно учество во сообраќајот и зголемување на безбедноста на возачите на мопеди,  мотоцикли и електрични тротинети.

Полициските службеници укажаа дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ПС за БПС при СВР Велес и ПО Чашка, денеска реализираа сообраќајни превентивни активности, потенцирајќи им ја на возачите обврската за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи.

Полициски службеници од ОВР Делчево реализираа превентивни активности на тема „Не биди нем сведок“, со цел превентивно да се дејствува во спречувањето на појавата на семејното и секој вид родово базирано насилство. Во рамки на активностите беше ставен акцент на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. Во непосредна комуникација, на граѓаните им беа давани насоки и совети за тоа што можат да сторат  доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. 

Во Пробиштип, Кочани и Штип беа реализирани превентивни активности на тема „Управувај технички исправно возило“, „Не користи мобилен телефон“ и „Стави појас“, при што на возачите им беше укажано за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила, како и за потребата од користење на сигурносен појас како од страна на возачите, така и од страна на сопатниците. Беше потенцирана и потребата од редовно сервисирање на возилата односно проверка на нивната техничка исправност. Целта на активностите е да се влијае на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и нивото на сообраќајна култура, во насока на намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

Мени за пристапност