На 29.04.2026, полициски службеници од Отсекот за превенција и од ПС БПС Велес, на неколку локации во Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност со цел подигање на степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Полициски службеници од ПС БПС Делчево пак, денеска (30.04.2026) во Делчево реализираа превентивни активности на тема „Не користи мобилен телефон“ и „Стави појас“, при што на возачите им беше укажано за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила, како и за потребата од користење на сигурносен појас како од страна на возачите, така и од страна на сопатниците.
Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.