Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип за заштита од кражби и спречување пожари

Превентивни активности на СВР Штип за заштита од кражби и спречување пожари

Денеска (29.04.2026) во Берово и Виница, полициски службеници од ПС Берово и ПС Виница реализираа превентивно-едукативни активности за заштита од имотни деликти. Во непосредна комуникација, особено со повозрасната популација, полициските службеници им даваа корисни совети на граѓаните како да се заштитат себе и своите домови од имотни деликти и потребата секој сомнителен случај да го пријават во полиција. Исто така, во Свети Николе, полициски службеници од ПС Свети Николе реализираа превентивно-едукативна активност на тема „Пламените јазици се незапирливи". Во рамки на активноста беа потенцирани мерките што треба  да се преземат за да се заштитат од пожари шумите, како најголемо национално богатство.

При тоа беше потенцирана потребата за поголема соработка и навремено пријавување во полиција на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Мени за пристапност