Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари и имотни деликти и спречување на употреба на оружје

Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари и имотни деликти и спречување на употреба на оружје

Денеска (28.04.2026) полициски службеници од ОВР Неготино во Неготино и Демир Капија, реализираа превентивно-едукативна активност на тема "Заштита од кражби". Во непосредна комуникација, особено со повозрасната популација, полициските службеници им даваа корисни совети на граѓаните како да се заштитат себе и своите домови од имотни деликти и потребата секој сомнителен случај да го пријават во полиција. Исто така, полициски службеници од ПО Чашка, во селата Голозинци, Мелница, Лисиче и Горно Оризари, општина Чашка, реализираа превентивно-едукативна активност на тема "Пламените јазици се незапирливи". Во рамки на активноста беа потенцирани мерките што треба  да се преземат за да се заштитат од пожари шумите, како најголемо национално богатство. При тоа беше потенцирана потребата за поголема соработка и навремено пријавување во полиција на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.


Полициски службеници од ПС Пробиштип пак, реализираа превентивни активности на тема „Не користи мобилен телефон“ и „Стави појас“, при што на возачите им беше укажано за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила, како и за потребата од користење на сигурносен појас како од страна на возачите, така и од страна на сопатниците. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.


Во Општинското средно медицинско училиште во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција и Одделот за полиција при СВР Тетово, како и претставници од Мисијата на ОБСЕ, реализираа едукативна активност во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за спречување на злоупотреба на мало и лесно оружје. Едукативното предавање беше реализирано со интерактивен пристап, а целта е да се подигне свеста кај помладата популација во врска со последиците и законските импликации доколку бидат инволвирани во вакви девијантни однесувања.

 

Мени за пристапност