Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Денеска (27.04.2026) во Чашка полициски службеници од ПО Чашка реализираа превентивно- едукативна активност на тема „Носи кацига". Целта на активноста е зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, со акцент на безбедноста на возачите на мопеди и мотоцикли. На возачите им беше укажувано на обврската за задолжително носење заштитен шлем, како за нив, така и за сопатниците. Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Во Штип пак, полициски службеници од ПС БПС Штип реализираа превентивна активност „Стави појас“ и во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, укажуваа на неопходноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, особено за користењето на појасот како еден од факторите за поголема лична безбедност на возачите и другите учесници во сообраќајот.

Исто така во Штип беше реализирана превентивна активност за заштита од имотни деликти, при што во непосредна комуникација со граѓаните им беа дадени корисни совети како да се заштитат од вакви кривични дела. 

На 27.04.2026 во Општинското средно техничко училиште во Гостивар, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица Гостивар, како и претставници од Мисијата на ОБСЕ, реализираа едукативна активност во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за спречување на злоупотреба на мало и лесно оружје. Едукативното предавање беше реализирано со интерактивен пристап, а целта е да се подигне свеста кај помладата популација во врска со последиците и законските импликации доколку бидат инволвирани во вакви девијантни однесувања.

Мени за пристапност