Денеска, (25.04.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС за БПС при СВР Велес, заедно со претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и мото клуб „Носачи на крстот“ од Велес, на неколку локации во градот реализираа превентивна сообраќајна активност под мото „Носи кацига, вози внимателно“.
Целта на активноста беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, со акцент на безбедноста на возачите на мопеди и мотоцикли.
На возачите им беше укажувано на обврската за задолжително носење заштитен шлем, како за нив, така и за сопатниците. Преку заеднички пристап, особено кај младите возачи, членовите на мото клубот споделуваа искуства за безбедно возење и ја истакнаа личната одговорност на секој учесник во сообраќајот.
Во рамки на активноста беше поделен и едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје.