Денеска (24.04.2026) полициски службеници од ПО за БПС Кавадарци реализираа превентивна активност на тема „Паркирај одговорно“. На возачите им беше потенцирано дека непрописното паркирање покрај тоа што е казниво, ги изложува останатите учесници во сообраќајот на опасност и затоа е неопходно возилата да се паркираат на дозволени места за таа намена. Полициски службеници од ПО за БПС Неготино пак, реализираа превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“, со цел да им се укаже на граѓаните за обврската и потребата за задолжително користење на сигурносен појас како за возачите, така и за останатите патници, со цел зголемување на личната безбедност. Полициски службеници од ПО Чашка пак денеска, реализираа превентивна активност во рамки на која беше посочена потребата од намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, додека на 23.04.2026 реализираа превентивна активност на тема „Вози одговорно“ , укажувајќи им на возачите за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи, во насока на зголемување на сообраќајната култура. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.
Исто така, денеска во ООУ „Пере Тошев“ во Росоман, беше изведена симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, односно симулација на пожар. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и ОВР Кавадарци, во соработка со Територијалната противпожарна единица Кавадарци, ОО на Црвен крст Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување и екипа на Итната медицинска помош Кавадарци, заедно со учениците и персоналот од училиштето спроведоа вежба на тема „Начин на однесување во кризни ситуации“. На вежбата беа презентирани мерките за заштита и спасување и начинот на постапување на службите на терен при евентуално настанат пожар. Целта е учениците да се запознаат со начините и протоколите за однесување во кризни ситуации, односно начинот на евакуација и брза интервенција при пожар и безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација.
Вчера (23.04) полициски службеници од ОВР Ресен заедно со децата од детска градинка ЈОУДГ „11 Септември" од Ресен реализираа превентивна активност, при што на децата практично им беше прикажано како физички се регулира сообраќајот и функцијата на светлосната сообраќајна сигнализација. За време на активноста беше поделен и едукативен материјал.