Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбедни матурски прослави и сообраќај

Превентивни активности за безбедни матурски прослави и сообраќај

Денеска (23.04.2026) во Велес полициски службеници од ПС БПС Велес, реализираа превентивна активност на тема „Вози совесно, вози одговорно“. Во рамки на активноста на возачите им беше укажано за важноста од  задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на овие активности е да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајна култура и свеста кај возачите, во насока на зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајните незгоди. Исто така, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Паркирај одговорно“. На возачите им беше потенцирано дека непрописното паркирање покрај тоа што е казниво, ги изложува останатите учесници во сообраќајот на опасност и затоа е неопходно возилата да се паркираат на дозволени места за таа намена и секогаш да се почитуваат знаците и ознаките на коловозот. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Превентивни активности за побезбеден сообраќај беа реализирани и во Кочани, Пехчево и Штип.

Од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје пак во СУГС „Цветан Димов“ и СУГС „Браќа Миладиновци“ во Скопје беа реализирани превентивни активности во рамки на кампањата „На матурска прослава без автомобил“. На матурантите им беше укажано на потребата од одговорно однесување, како и за мерките и последиците за непочитување на законските одредби  од областа на сообраќајот и јавниот ред и мир, а се со цел прославите да поминат безбедно и мирно. Во ООУ „Александар Македонски“ и ООУ „Ибе Паликуќа“ беа реализирани едукативни работилници за поголема безбедност во училиштата.
.

Мени за пристапност