Полициски службеници од СВР Куманово, СВР Струмица и СВР Штип вчера и денеска (21/22.04.2026) реализираа низа превентивни активности со цел да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајна култура, а во насока на намалување на бројот на сообраќајните незгоди. Полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија реализираа едукативно предавање со учениците од ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија на тема „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите“, а предавање на истата тема реализираа и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во ООУ „Наим Фрешери“ во Куманово.
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во ООУ „Бајрам Шабани“ во Куманово одржаа едукативно предавање на тема „Навивањето нека биде поддршка, а не навреда, спортот обединува“, со цел превенција од насилство на спортски натпревари, како и говор на омраза.
Полициски службеници од ПС Пробиштип и ПС Виница во Пробиштип и Виница реализираа превентивни активности за заштита од имотни деликти. Граѓаните беа информирани како да се заштитат од различни форми на кражби и измами, а им беше потенцирана и неопходноста од навремено известување на полицијата, доколку сепак бидат жртва на кривично дело.