На 18.06.2026 на подрачјето на Полициската станица Чаир, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, организираше и спроведе едукативно-превентивна активност во областа на сообраќајот „Безбедно на тротинет и велосипед“. Притоа, во непосредна комуникација со корисниците на велосипеди и електрични тротинети укажано е на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи. Воедно, беше поделен едукативен материјал подготвен од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Денеска, Одделението за превенција при СВР Скопје со Полициското одделение Мирковци реализираше координативен состанок со претставници од општина Чучер Сандево за преземање на заеднички мерки и активности за заштита од шумски пожари.
Во повеќе села на подрачјата на општините Велес и Градско, во Неготино и Демир Капија, полициски службеници заедно со претставници од Шумска полиција и Територијална противпожарна единица Неготино, реализираа превентивни активности на теми „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме нашите шуми од бесправни сечи“. На граѓаните им беше потенцирано дека потребна е континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично со цел брза и навремена реакција. Целта на активноста е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Превентивни активности на овие теми вчера беа одржани и на подрачје на општина Росоман.
На 18.06.2026 во Тетово, Отсекот за превенција при СВР Тетово спроведе превентивно едукативна активност ,,Секогаш носи кацига и заштити го животот" наменета за учесниците во сообраќајот кои управуваат велосипеди и електрични тротинети. На учесниците во сообраќајот им беа делени летоци со едукативна содржина изготвени од РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност- Скопје.
На 18.06.2026 на повеќе локации во Делчево, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Делчево реализираа превентивна активност под мотото ,,Кацига или глава“. За време на активноста, велосипедистите и возачите на тротинети беа советувани редовно да користат заштитен шлем додека управуваат велосипед или тротинет затоа што е особено важно за безбедноста во сообраќајот. Исто така, им беа поделени и летоци со едукативна содржина и корисни совети за зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот.