Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Тетово, СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби, заштита на шумите од пожар и безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Тетово, СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби, заштита на шумите од пожар и безбеден сообраќај

Денеска (17.06.2026), Отсекот за превенција при СВР Тетово на неколку локации во Тетово спроведе превентивно-едукативна активност ,,Секогаш носи кацига и заштити го животот". Притоа, на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли им беа делени летоци со едукативна содржина, изготвени од РСБПС, МВР и Факултетот за безбедност – Скопје, а кои содржат правила и прописи при управување на мотоцикли за нивно безбедно учество во сообраќајот и намалување на опасностите од сообраќајни незгоди. На 17.06.2026, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивно едукативна кампања за заштита од пожари на отворено на подрачјето на Полициската станица Газзи Баба, односно во селата Стајковци и Црешево. За време на активноста на минувачите им беа делени летоци со пораки за заштита од шумски пожари и дека, доколку се забележи пожар на отворено, веднаш да се пријави на бројот 112. На 17.06.2026 во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Свети Николе реализираа превентивна активност под мото „Кацига или глава“. За време на активноста на мотоциклисти им беше потенцирано дека е особено важно редовно да се користи Исто така, за време на активноста на мотоциклистите - учесници во сообраќајот им беа поделени и летоци со едукативна содржина. Денеска, полициски службеници за превенција при ОВР Пробиштип и полициски службеници од Полициската станица Пробиштип на повеќе локации во Пробиштип реализираа превентивни активности на тема ,,Градиме пријателство -создаваме безбедност“. За време на активноста посебен акцент беше ставен на превенција и заштита од кривични дела кражби, разбојнички кражби и измама. Во непосредни разговори, повозрасните лица и пензионери беа запознаени со низа начини за внимателност и самозаштита, како да препознаат измама и како да се заштитат од кражби и разбојничките кражби.

Мени за пристапност