Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Стави појас”, превентивна активност на СВР Тетово

„Стави појас”, превентивна активност на СВР Тетово

Денеска (01.03.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС БПС Тетово при СВР Тетово, на автопатот Тетово - Скопје, на наплатната рампа во с.Желино, реализираа превентивна активност на тема „Стави појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи.

Користењето на сигурносни појаси е законска обврска, како за возачите така и за патниците во возилата, со цел зголемување на нивната лична безбедност и значително придонесува за помали последици при евентуална сообраќајна несреќа. На возачите им беа поделени и едукативни летоци.

Мени за пристапност